Македонија

Температури и до -10 степени: Снегот ќе престане, но иднава недела ќе е преладно

Врнежите од снег постепено ќе престанат, по што следува многу студенови време, особено во седмицата која е пред нас, вели метео-прогнозерот, Славчо Попоски.

Тој додава:

„Времето ќе биде сончево и ведро со мала до умерена локална облачност, а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина. Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а тие понекаде ќе се спуштат и до околу -15 степени.

Ќе има места каде температурата науутро ќе се спушти дури до околу -20 степени, со што очекуваме појава на силен мраз.

Во Скопје и околината исто така ќе имаме слично време, а температурата наутро ќе се спушти и под -10 степени.

Многу студено ќе биде и преку ден, особен о во првите неколку денови од новата седмица. Тогаш температурите и преку ден на повеќе места ќе останат под нулата. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат за неколку степени над нулата“.

На почеток