Македонија

Кога ДПМНЕ не ги поддржува сопствените предлози за техничка Влада нема основа тоа да се бара од други, вели СДСМ

„Ако ДПМНЕ не ги поддржува сопствените предлози за техничка Влада и не сака да ги гласа, нема основа тоа да се бара од другите“, велат од СДСМ и додаваат:

„Доколку пратениците на ДПМНЕ не ги гласаат предлозите од сопствената партија ниту пратениците на СДСМ, ниту пратениците на други партии од мнозинството нема да ги гласаат.

Во светот не постои искуство и пример политичка партија да учествува во Влада, а истовремено да не ја поддржи таа Влада.

ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии што имаат министри во техничката влада треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада“.

Жестока партиска пинг-понг партија, виси пржинската Влада или нејзиниот кредибилитет

To Top