Македонија

Ужасни се условите во болницата „Бардовци“, а уште полоши во Негорци и Демир Хисар: Се уште има ниска свест

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет посочува дека условите во болницата „Бардовци“ супстандардни, за таму да се сместуваат затвореници. Според неа, има и полошо – а тоа е состојбата во болниците во Демир Хисар и Негорци.

„Супстандардни услови има во болницата Бардовци, иако е можеби во подобра состојба од другите како што се Негорци, Демир Хисар. Се уште има ниска свест за тоа дека дека треба да се обезбедат средства, како и средства за одржување. Ние кога ќе направиме нешто, не го одржуваме и пропаѓа. Новиот оддел во Идризово кога влегов беше на ниво од балтичките земји, а сега е исто така во лоша состојба. Нема доволно средства за одржување“, вели Пировска.

Прашана колку бројот на затвореници влијае на лошата состојба во овие установи, таа одговори: „Влијае, но државата треба да се грижи за тоа“.

На почеток