Оправдано е СДСМ да не гласа за сопствените министри, но не е ако тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ – Ковачевски за техничката Влада
Оправдано е што СДСМ во 2016 година не ги гласала сопствените министри во техничката Влада, ама не е оправдано ако тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски откако новинарите го потсетија дека СДСМ е првата партија која не гласала за сопствените предлози. Според него, тоа било од оправдани причини.
„Тогаш беа други услови, тогаш знаете дека Собранието беше злоупотребувано од власта. Кога се носеше буџет, пратениците од СДСМ беа исфрлани од Собранието. Инаку денеска имаме апсолутно владеење на демократијата, вие медиумите можете да потврдите поради слободата која ја имате. Порано беа распродадени вестите, па не можеше ни спортски вести да се видат“, рече Ковачевски.
Владата на Емил Димитриев во 2016 година беше избрана без пратеничката група на СДСМ, а предложените технички министри на СДСМ дадоа свечена изјава по три дена. Но и натаму, Ковачевски останува на ставот дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да го прави ова.
„До недела има доволно време да се договорат сите работи и во недела да има гласање. Сите треба да бидат сериозни. Не може да се однесува некој како 13 годишно дете, да предлага и да не гласа. Никаде во свет нема предлог за министри и да бара друг да му ги гласа“, додава Ковачевски.
Според него