Македонија

Во четврток, во 10 часот целата Влада поднесува оставка; Ковачевски: Овие избори ќе бидат за запад или исток

Премиерот Димитар Ковачевски ќе депонира оставка во четврток. Заедно со него, во оставка ќе бидат и сите министри.

„Цела Влада ќе биде во оставка во четврток во 10 часот наутро“, кажа Ковачевски.

Според него, има доволно време да се завршат формалностите и в недела да има гласање за техничка Влада.

„Овие избори нема да бидат спрема левица и десница, него според запад и исток“, кажа Ковачевски.

На почеток