Македонија

Што ќе соопшти Алиу, министерот на МИОА, драматична прес и оставка или пробен балон

Медиумите најавија драматична прес конференција за денеска, на која засега непотврдено, министерот за информатичко општество Азир Алиу ќе си поднесе оставка.

Тој е на чело на МИОА од февруари минатата година, а дојде од редовите на Алијанса за Албанците. Причините за оставка пред четветок не се познати.

Државата во 2023 година доби тројка од Европската Комисија за реформи во оваа област. Голем дел од Законите се заглавени.

Дали денешните најави, доколку се реализираат уште повеќе ќе ја усложни состојбата во коалицијата и изборот на Пржинска Влада ќе се знае по евентуалната прес конференција на Алиу.

На почеток