„Што катиљ народ сме“-пеплосани дрвцата и уништени клупите на Кеј
На Кејот на Вардар на потегот од десната страна на вливот на Лепенец во Вардар, освен една која вандалите не успеале да ја откорнат, сите клупи се уништени и однесени.
Клупите беа нови и квалитетни и граѓаните уживаа и се одмораа во летните и есенските месеци. Сега буквално нема каде да се седне. Уништен е и дрворедот кој беше донација и кој веќе почна да се оформува и да пушта лисја. Некој намерно ги корнел и копачел младите садници.
„Зошто, прашуваат револтирани граѓани кои се шетаа по Кеј. Што катиљ народ сме, па ова беше за нас и нашите деца, да седнеме под сенка. Ова е срамота. Дивјаци”, коментираат револтирано.
Кејот на Вардар е под надлежност на град Скопје и бараат од градоначалничката да набават нови клупи и да засадат нови дрвца.