Македонија

Апсења во Скопје и Охрид

На 23.01.2024 во 17.10 часот на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С..З.(29) од с.Мирковци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.01.2024 во 12.00 часот на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле К.А.(61) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток