Македонија

Судски го унапреди, па привремено ќе го враќа Осман Шабани во Кривичен да си ја заврши работата со „Титаник“ и „Талир“

Судски совет ќе го враќа судијата Осман Шабани во Кривичен суд, за да продолжи со судење на предметите „Титаник“ и „Талир“. Ова е единствена точка на утрешниот дневен ред пред членовите на Советот. Целта на ваквото упатување е предметите да не се вратат на повторно судење, со менување на судија.

„За 475-та итна седница на Судскиот совет на РСМ за ден 25.01.2024 година, со почеток во 12,30 часот: 1.Донесување на одлука за времено упатување на судија од Апелационен суд Скопје во Основен кривичен суд Скопје“, стои кратко во најавата за седницата.

На ваков начин, беше вратена судијката Александра Ристевска да изрече пресуда за предемтот „Ласкарци“, па да работи во Апелација.

Предметот „Титаник“ се суди пет години, а се однесува на изборни нерегуларности. Дел од обвинетите признаа вина, другите уште бијат правна битка. Вториот предмет, „Талир“ е за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток