Македонија

(Видео) Група убивала низ Македонија, членови биле 16 лица: Организаторите ги правеле плановите, а ги спроведувале и преку посредници

Група убивала и продавала дрога низ Македонија. Имале планови и дејствувале. Осомничени се 16 лица. Претреси имало на 20 локации, шестмина се уапсени, повеќе лица се надвор од Македонија, а едно лице е уапсено во Шпанија. Деталите ги сподели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Бирото за јавна безбедност под раководство на ОЈО-ГОКК, со поддршка на Европол, презеде активности за лишување од слобода на лица за кои постои сомневање дека биле дел од меѓународна група, вршеле продажба на дрога и учествувале во убиства. Ова е резултат на повеќемесечната истрага во рамки на која беа обезбедени доволен број на докази, дека од декември 2019 до март 2021 година, пријавениот Ш.М. заедно со уште две лица О.Б. (Орхан Бахрами) и Ј.К. формирале група. Таа била формирана за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече Спасовски.

Набавувале и дрога од Колумбија и други земји, а пренесувана била во ЕУ. Над 430 килограми кокаин се транспортирала по воден пат, а друга пак, преку Ротердам требала да стигне во Македонија.

„Оваа криминална група договорите ги правела преку непосредни контакти или преку апликацијата ‘Скај’, преку енкриптирана комуникација. Имала две набавки и транспорт на кокаин од латино-американските држави“, додаде Спасовски.

Дрога во Македонија се внесувала и од Албанија, како и Белгија.

„Во двата случаи имало внесувања четири килограми кокаин“, додаде Спасовски.

Според министерот, припадниците на групата која функционирала на меѓународно ниво, со парите купувале куќи, граделе куќи, купувале возила.

„Тие се предмет на конфискација“, рече министерот.

Како што објави „Скопје1“, оваа група се сомничи за убиствата од 2018 година на Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо.

Серија апсења и претреси во Скопје: се расчистува двојното убиство на Беланоца и Тозо, но и со продажбата на дрога

На почеток