Македонија

„Викаа ‘држете го крадецот’, а тоа биле тие“ – лица од МВР, министерства, агенции помагале на групата формирана да убива

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откри дека лица од институциите оддавале информации на криминалци и членувале во нив. Ова го кажа откако кажа дека 16 лица се уапсени, а биле дел од група формирана за убива и да транспортира дрога.

„Утврдивме лица од институциите кои биле соработници во криминалните активности. Ќе бидете сведоци на наредниот период на нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата мора да го стигне секој еден“, вели Спасовски.

„Има инволвирани од многу институции – МВР, министерства, агенции. Реков, можеби ќе се зачудите во наредниот период, но тоа мора да се покаже. Тие во еден момент викаа ‘држете го крадецот’, а всушност тие биле дел од истите“, додава Спасовски.

МВР, Обвинителството и Европол, кои ја спроведувале оваа акција, обезбедиле комуникации помеѓу членовите на групата, а водени на апликацијата „Скај“.

(Видео) Група убивала низ Македонија, членови биле 16 лица: Организаторите ги правеле плановите, а ги спроведувале и преку посредници

Серија апсења и претреси во Скопје: се расчистува двојното убиство на Беланоца и Тозо, но и со продажбата на дрога

На почеток