Македонија

Изгореа 100 насади од лешник и околу 2000 м квадратни земјоделска површини

Вчера, околу 11 часот, во месноста „Суво поле“, атар на општина Вевчани, случен е пожар, во кој, на една парцела целосно изгореле 100 насади од лешник и околу 2000 м квадратни земјоделска површини.

Пожарот бил локализиран а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.

На почеток