Комунална: Исчистено е во Аеродром
Од
Објавено на
„Во врска со неодамнешното Соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП Комунална хигиена-Скопје ве информира дека неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса“, велат од претпријатието.
Тие додаваат:
„Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се целосно исчистени, редовно и без отстапки.
За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална.
Во прилог фотографии од состојбата на контејнерите на ЈПКХС на територија на општина Аеродром во моментов“.