Македонија

На 9 мај некој ќе слави, некој ќе жали, третата пржинска Влада ќе замине во историјата

Бомбите на Заев, политичката криза и тензии, со асистенција на меѓународниот фактор во 2015 година ги седнаа лидерите на четирите најголеми партии на маса да договорат излез од политичката криза. Освен формирањето на СЈО и неуспешниот обид за регулирање на медиумскиот простор и МТВ, скроена е пржинската или преодна Влада.

Таа се бира сто дена пред парламентарните избори со основна цел да обезбеди фер и демократски избори. Со учество на министри и заменици од опозицијата, треба да се спречат манипулации на власта во изборниот процес.

Владата на Талат Џафери, која треба да биде избрана утре најдоцна до полноќ ќе биде третата преодна Влада. Претходници на Џафери беа Емил Димитриев и Оливер Спасовски. И двете претходни Влади функционираа како „рогови во вреќа”, со недоразбирања и клевети. Но успеаја да ги доведат изборните процеси до крај.

Како ќе функционира Владата на Џафери, со оглед на вжештената политичка клима во која ќе се оди на се или ништо, обврската за врзани потписи, ќе се покаже брзо.

На 9 мај е крај на преодната Влада, едни ќе слават, други ќе се жалат. За наредните избори треба да се најдат многу пофункционални решенија а не со „игри без граници” да се политизира и разединува државата.

На почеток