Македонија

Четворица патници повредени – три возила се судрија во кратовско

На 26.01.2024 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Кетеново-кратовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(39) од Кратово, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(40) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(22) од Пробиштип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил совозачот од возилото „голф“ Б.М.(36) од Пробиштип, констатирани во Клиничката болница Штип, а со телесни повреди се здобиле Д.Н. и нејзините сопатници Н.Ѓ.(73), С.Н.(61) двајцата од Кратово и Д.З.(49) од Скопје констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

На почеток