Контра-удар за вратоврските на ДУИ – додека правеа ПР со Џафери ги проглазија за квази-патриоти
ДУИ со помпа го одбележа денот кога Талат Џафери беше назначен за технички премиер. Прво пееја по кабинети, пиеја виски, пушеа пури и цигари. За да покажат „муслули“, дел од ПР-стратегијата на сите функционери на ДУИ, сосе челникот Али Ахмети беше да се појават со црвени вратоврски. А на нив, имаше и изгравиран натпис. На социјалните мрежи, пак, им најдоа маана – фирмата која ги шиела.
„Премиер Албанец, 28.01.2024“, пишуваше на вратоврските.
На социјалните мрежи, особено „Тикток“, кампањата на ДУИ и радувањето доби контра-удар кога во прашање е патриотизмот кој ДУИ го презентира. Според објавите, фирмата која ги шиела е од Србија.
„Техничкиот премиер Талати и командантот на Соравија Алиу со врски од српската чета. Патриоти!“, пишува во еден од коментарите, а во друг меѓудругото додаваат: „Албански технички премиер – Чачак!!!“.