Снегот во месец февруари и тоа како ќе го има – прогноза за идниот месец
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/02/48391816_270004033665546_6504079846342131712_n_270004000332216-scaled.jpg)
„Судејќи според долгорочните анализи, февруари месец оваа година во Македонија ќе биде со натпросечно количество на врнежи, но малку потопол, за еден до два степени од просекот што не е премногу, а тоа значи дека ќе има и почести продори на студени возушни маси од Арктикот кон нашите краишта“, вели метео-прогнозерот Славо Попоски.
Тој додава:
„Снегот во месец февруари и тоа како ќе го има, според сегашните следења и анализи особено по 10 февруари.
Не се исклучува можноста повторно да се соочиме со екстремно ниски температури н а воздухот (до околу -20 степени).
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за доста долгорочна анализа на времето, промени во истата и тоа како се можни, па затоа нашите граѓани редовно да ги следат нашите секојдневни и краткорочни анализи на времето, и истите се најпрецизни со можност за остварување за повеќе од 90%“.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)