Грипот ја зема седмата жртва, почина 20-годишна девојка
Од
Објавено на
Грипот коси и ја зема и седмата жртва. Последна и најмлада жртва на грипот е 20 годишна девојка од Скопје која почина на Инфективната клиника откако била префрлена од Клиниката за хематологија.
Нема информација од која хематолошка болест била таму.
Девојката не била вакцинирана а медицинските лица препорачуваат имунизација. Комисијата за заразни болести препорачува задолжително носење на маски во сите здравствени установи за персоналот и пациентите и во домовите за стари лица.