Македонија

СДС и ДУИ по втор пат го крахираат Фондот за здравство, граѓаните се оставени на цедило нема да можат да земат ни лек на рецепт, алармира ВМРО-ДПМНЕ

“СДС и ДУИ ќе останат запаметени по неспособност кога станува збор за функционирање на системот. СДС и ДУИ покажуваат способност само кога треба да крадат. Или СДС и ДУИ се шампиони во неспособност!”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

По минатогодишниот колапс на Фондот за здравство, деновиве на праг е втор колапс на Фондот.

Во пракса тоа значи дека граѓаните нема да можат да земат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО кон граѓаните кои на пример користеле боледувања, нема да се исплаќаат рефундации за лекови, нема да се прават исплати ниту кон здравствените институции и слично.

Со овој втор колапс на ФЗО загрозен е воопшто здравствениот систем во државава. Едноставно се ќе биде блокирано. Во овој случај трпат граѓаните, здравствениот систем ќе биде нефункционален, а трпат и вработените во ФЗО чии плати планираат да им ги намалат за 21 процент.

Власта предводена од СДС и ДУИ во здравството за седум години редеше само скандали. Здравството секојдневно се уништува, заминува медицински кадар или нема кој да ги лечи граѓаните, оние кои остануваат да работат тука ниту имаат услови за работа, уште помалку некој се грижи за нивна доедукација преку обуки и слично, позитивната листа на лекови иако ветуваа ја споменуваат само во контекст на тоа да им излезат во пресрет на нивните фармацевтски компании, а не граѓаните да добијат нови лекови на рецепт, лековите поточно цитостатиците и биолошката терапија се злоупотребувале на Онкологија, но некако и тоа се премолчува. И ова е само еден мал дел од скандалите во здравството.

Талат Џафери само ги продолжува политиките на Димитар Ковачевски. Граѓаните се оставени на цедило.

Во здравството никогаш не било полошо! Важно е да и поразиме!

На почеток