Свет

(Видео) Потресни сцени на судењето за детето-убиец

Судењето на Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на детето-убиец, заврши денеска, а следното е закажано за 1 март.

По завршувањето на денешното судење, родителите на убиените деца, кои не можеа да присуствуваат на рочиштето, редеа слики од жртвите пред судницата.

Според српски „Информер“, Миљана Кечмановиќ по излегувањето од судницата мирно поминала покрај тие фотографии.

На денешното второ судење сопственикот на стрелиштето Ратко Ивановиќ ја негираше вината што му се става на товар.

„Родителите на Коста Кецмановиќ не се изјаснија детално за својата вина“, кусо изјавил изворот на „Информер“ од судењето.

Судењето со одлука на судот беше затворено за јавноста, а на вчерашното прво рочиште, пред оваа одлука, и Миљана и Владимир се изјаснија дека не се виновни по ниту една точка од обвинението, а таткото меѓу другото рече дека не се чувствува виновен затоа што сторил прекршок а не кривично.

Анѓелко Аќимовиќ, таткото на убиената Ангелина, денеска се појави речиси еден час пред почетокот на судењето на родителите на Коста К., држејќи слика од неговата убиена ќерка во рацете.

Анѓелко даде кратка изјава додека го чекаше судењето на родителите на момчето убиец Коста Кецмановиќ.

„Денес е нејзиниот тажен 15-ти роденден. И купивме голема играчка Меда Брунда и 3 златни крста со нараквица. Секогаш и ги земаме подароците за празниците“, изјави Анѓелко Аќимовиќ, таткото на Анџелина.

За потсетување, Коста К. во училиштето „Владислав Рибникар“ со пиштол уби девет соученици и училишниот чувар Драган Влаховиќ, а рани уште шестмина. Меѓу повредените, освен децата, има и професор по историја.

На почеток