Македонија

Да им се извинат на граѓаните што ги излажаа и доведоа до заблуда за пасошите, бара СДСМ

„ДПМНЕ да им се извини на граѓаните што ги излажа и ги доведе во заблуда за пасошите“, бара СДСМ и додава:

ДПМНЕ да им се извини на граѓаните, што ги лажеше и ги доведе во заблуда дека за час ќе го реши проблемот со издавањето на пасошите.

Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ Тошковски призна дека не може да го реши овој проблем.

ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши.

Како влегоа во техничката Влада ништо не важи, нема ништо од најавите на ДПМНЕ.

Одеднаш ништо од законот, одеднаш МВР работело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција.

Ништо не се менува во ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните.

На почеток