Македонија

(Видео) „Видов човек на кого главата му беше отворена, ме однесоа во болница и ми кажаа дека сум удрил во жена“ – рокерот за несреќата кај Табановце

Музичарот и член на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, Ѓорѓе Давид денеска во Белград организираше медиумска конференција во врска со страшната несреќа што се случи во Македонија. Тој кажа дека бил во болница и во полиција.

„Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште кои пукнаа. Фала му на Бога, имав силен автомобил, бидејќи немав, којзнае што би се случило“, рече Ѓорѓе.

Тој откри и некои детали од страшната несреќа во која загина жена и призна дека се се случило во секунда.

„Таму бев десетина дена, имав обврски во вид на вештачење, земаа траги од кочници и слично, имав голема помош од самиот старт од двајца луѓе. Имам адвокат кој ме застапуваше таму, го имам и овде во Белград. Ќе морам еднаш месечно да се јавувам во Обвинителство или кога ќе наредат, тоа е сега моја обврска“, рече тој и додаде:

„Три четири дена пред немилиот настан се одеше одлично, бев среќен и горд на себе и бендот, се јавував дома… Во саботата наутро кога тргнав имаше ненормално невреме и снежна бура која беше доста изненадување. Стигнавме во Скопје, пиевме кафе, вечерта околу 7:15 заминав за Белград, некаде околу 2.400 метри пред граница се случи таа приказна.

На таа приказна и претходеше тоа што девојката влегла на спротивната лента на автопатот и директно се судрила со автомобил каде сите се повредени, не знам кои се последните информации. Лицето кое било во автомобилот кој возел во погрешен правец, мајката на девојката која била зад воланот, жената излегла од тотален шок, не знам што се случило и како. Таа беше неповредена или со полесни повреди. Јас потоа влегов во магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се причини дека нешто не е во ред. Се се случи во секунда. Јас тргнав да свртам десно, да излезам од автопатот, за да ја обегнам таа несреќа, па приметив жена во бел капут и се случи тоа што се случи. Кога застанав со автомобилот, излегов, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек на кој главата му беше отворена, мислев дека удрив во него. Мене ме однесоа во болница, а потоа ми кажаа дека сум удрил во жена“, рече Ѓорге Давид.

влегов во тотален мрак од зрак светлина што дојде десно од мене, од пумпата што беше десно. Во тој момент налетав на облаци од магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се чинеше дека нешто не е во ред. Сè се случи во секунда. Свртев десно за да излезам од автопат за да пропуштам се околу мене, таа несреќа, забележав жена со бел мантил и тоа се случи. Кога застана автомобилот, се контролирав, излегов од автомобилот, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек чија глава беше отворена, мислев дека го удрив. Ме однесоа во болница, па ми рекоа дека сум удрил жена – рекол Ѓорѓе Давид.

На почеток