Здравството ќе колабира со протестот на ФЗО: нема плати и капитација за матичните
Здравството ќе остане без плати, матичните без капитација. Вака ќе изгледа понеделник кога вработените во Фондот за здравствено осигурување ќе стапат во најавениот штрајк поради намалување на платите. Од Синдикалната организација се децидни дека не отстапуваат од барањето, Министерството за финансии да се откаже од намалување на платите на вработените за 21 отсто.
„Ќе се извршуваат само нужните и неопходни работни задачи како пријава на малолетно лице во осигурување, регулирање на хоспитализирнао лице, лекување во странство за итни пациенти, еден вработен ќе прима документи“, рекоа од Синдикатот на УПОЗ.
Сепак, според синдикалците, ова е неопходно, бидејќи од Министерството за финансии и Управниот одбор не наидуваат на разбирање. Дека ќе стапат во штрајк, тие предупредија и претходно, но не беа изесапени од надлежните.