Македонија

Пендаровски единствен од државниот врв ќе се поклони на вечното почивалиште на Делчев, Џафери и Митревски ги пуштаат замениците

Денеска се одбележуваат 152 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев.

Во 10 часот, на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” во Скопје, свежо цвеќе ќе положи претседателот Стево Пендаровски.
Собраниската и владината делегација ќе ја предводат замениците на Митревски и Џафери. Во владината делегација се Бојан Маричиќ, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура и Беким Реџепи, заменик министер за транспорт.

Во собраниската делегација предводена од потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски се и пратеничките Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

На почеток