Скопје

(Фото) Строги мерки и претресување пред да се стигне на гробот на Делчев

Под строги мерки, со големо полициско обезбедување денеска во црквата Свети Спас каде што се наоѓа гробот на Гоце Делечв ќе биде одбележена 151. годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер. Строго контролирано, само највените делегации ќе бидат пропуштани кон црквата Свет Спас. Пред влезот се претресуваат дури и новинарските екипи кои се акредитирани.

Различно од минатата година е што Скопје не го надлетуваат полициски хеликоптери. Но останаа двата пункта преку кои се поминува за да се стигне до црквата.

Во пресрет на чествувањето на годишнината од раѓањето, кое е оквалификувано како настан од висок ризик, засилено е полициското обезбедување околу „Свети Спас“, при што полицијата ги контролира пристапите до црквата. Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу црквата „Свети Спас“ и по целата должина на улиците кои водат до неа. Пристап имаат само лица со дозволи.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

На почеток