Скопје

Директорот од Паркови и зеленила сега ќе директорува во Водовод: „Има силна биографија“

На местото нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација е назначен Виктор Панчевски.

„Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие.

Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието“, велат од Град Скопје.

На почеток