Македонија

Апсење на „Табановце“

Денеска (06.02.2024) во 02.40 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле Ш.Н.(51), К.Т.(22) и К.Р.(30), сите од Република Албанија.

При пасошка контрола било констатирано дека во нивните патни исправи недостасувале по неколку страници.

Со нив бил извршен службен разговор, по што биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На почеток