Алијанса предложи нови министри за здравство и информатика
Од
Објавено на
Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:
– За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.
– За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки.