Се тресеше земјата во Охрид и Кичево

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија во 06:32 часот по локално време, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија. Потресот се осетил во Охрид и Кичево.
Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.
