Спорт

Анчелоти бурно реагираше поради Мбапе: „Веќе ги имаме најдобрите фудбалери во светот“

Кадена СЕР: Реал му поставил ултиматум на Мбапе

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не сакаше многу да зборува за Килијан Мбапе, кој се уште е член на Пари Сен Жермен.

Затоа на прес-конференцијата бурно реагираше.

„Постојано ме прашувате за играч кој игра за друг тим. Тука веќе ги имаме најдобрите фудбалери во светот. Винисиус Јуниор е прв, Џуд Белингем е втор, Родриго е трет. Потоа следуваат Тони Крос, Феде Валверде и Едуардо Камавинга“, изјави Анчелоти.

Мбапе е се поблиску до Мадрид и наводно ќе има плата од 15 милиони евра годишно.

Сепак, тој ќе има и 60 отсто од своите авторски права, што е преседан бидејќи Реал никогаш никому не му дозволил.

Како што падна селекторската позиција на бразилската фудбалска репрезентација, Анчелоти е фокусиран на Реал, кој брка нова титула во Ла Лига.

На почеток