Македонија

(Видео) Лепенките „НМК“ и денеска прават гужви по техничките прегледи

И денеска во дел од станиците за технички прегледи редици и чекање за лепенки со „НМК“. Граѓаните во трка со времето, особено оние кои неделава треба да патуваат надвор од Македонија веќе оваа недела.

Прво се пополнува кратко барање, во кое се содржат податоците за автомобилот и барателот. Барањето се дава на лице од шалтерот.

Потоа, лице од техничката станица, ги лепи лепенките на таблиците. Со тоа завршува целата процедура.

На почеток