Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа со повеќе од 61 пратеник и претседател на државата, најави Мицкоски

Во пресрет на распишувањето на изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека неговата партија ќе ја понесе победата. Денеска во 17 часот, претседателот на Собранието, Јован Митрески, ќе ги потпише документите за одржување на изборите. Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има сама мнозинство во Собранието.

„Историска победа на ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 61 пратеник и победа на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Ова се седми по ред претседателски избори и 12 по ред парламентарни избори. Претседателските треба да се одржат на 24 април, а на 8 мај парламентарните избори. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се одржат на истиот ден со парламентарните.
Откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, ќе ги проследи до Државната изборна комисија. Кампањата за претседателските избори започнува од почетокот на април.

На почеток