Македонија

Изборна кампања за парламентарни избори почнува од 18 април

Изборна кампања за парламентарни избори почнува од 18 април, одлучи Државната изборна комисија. Тие посочуваат до 2 мај можат да се објавуваат резултати од испитување на јавно мислење и анкети. На денешната седница, беа утврдени и датуми до кога МВР треба да достави податоци за гласачи, како и до кога ќе се прави увид во избирачките списоци.

Утврдено беше и кој може и под кои услови да се кандидира за претседател, но и детали за листите на пратеници и ждрепките кои треба да се влечат.

На седницата беа донесени одлуки и за упатување на низа барања до институции кои ќе треба да постапат, а со цел органиирање и реализирање на фер и демократски избори.

На почеток