Македонија

Затворски полицајци од Шутка завршија во притвор во Грција: едниот на боледување, другиот со слободни денови шверцувале мигранти

Затворски полицајци од затворот „Скопје“ во Шутка се уапсени во Грција, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, тие биле запрени на контрола, кога грчката полиција во нивните возила нашла мигранти кои ги превезувале. Станува збор за лицата Кире Т. и Мурат В. кои во истражниот затвор биле чувари.

Двајцата биле изведени пред истражен судија во Грција, каде им бил одреден притвор. Извори за „Скопје1“ брифираат дека едниот полицаец бил на боледување кога правел шверц со мигранти, додека другиот користел слободни денови.

„Скопје1“ побара детали од истражните органи во Грција во врска со случајот, од каде очекуваме одговори.

На почеток