Македонија

(Видео) Онкологија нема лекови, ни кој да лекува – како по скандалот? – Крик за живот 2

Скандалот „Онкологија“ на Клиниката за радиотерапија и онкологија отвори многу прашања. Вработените биле мета на напади, за што за првпат сведочат пред камерата на „Претрес“. Пациентите кои се лекуваат од најтешката болест на Клиниката имаат свои проблеми – долги редови за чекање, недостатоци на лекови.

„Претрес“ влезе во ходниците на Клиниката и сними огромни гужви, чекање, страв за тоа дали ќе има лек на залиха. Во вториот дел од „Крик за живот“ ви носиме сведоштва од пациенти кои биле принудувани сами да купат, само за да не го прекинат циклусот.

Докторите и сестрите посочуваат дека скандалот „Онкологија“ тешко ќе се тргне од клиниката, а лути се бидејќи колективно биле обвинети, наместо вината да биде утврдена кај конкретни лица. Се крадела ли терапија, можно ли е тоа?

Гледајте ја премиерата:

 

На почеток