Јулија Навалнаја: Путин ќе одговоа за она што го направи на нашата земја, на моето семејство и на Алексеј


Јулија Навалнаја, сопругата на рускиот опозиционер и најжесток критичар на владеењето на Путин, Алексеј Навални, за кого денеска беше соопштено од затворските власти дека починал, се појави на Минхенската безбедносна конференција и доби силен аплауз.
Таа изрази сомнение во објавената вест за која рече дека е ужасна бидејќи дошла само од руските државни извори.
„Не можеме навистина да им веруваме на Путин и на неговата влада. Тие постојано лажат. Ако веста е точна, Путин и неговите соработници ќе сносат одговорност за тоа и за сето она што го прават во Русија. Барам од сите вас тука да се обедините и да помогнете да се казни овој руски режим“, изјави Навалнаја.
Навални, кој отслужуваше затворска казна на крајниот север на Русија, почина. Тој комуницираше со пријателите и колегите преку социјалните мрежи. Последната објава пред два дена, на Денот на вљубените, беше посветена на неговата сопруга.
„Душо, кај тебе сè е како песна: меѓу нас се градови, сини снежни бури и илјадници километри. Но, чувствувам дека сте блиску секоја секунда, а јас те сакам се повеќе и повеќе“, напиша Навални.
Навални, обвинет за екстремизам, издржуваше 19-годишна казна во еден од најстрогите затвори во Русија.Затворските служби денеска објавија дека на него му се слошило по прошетката и дека сите напори за негово оживување биле неуспешни.
