(Видео) „Ѓорче нема да има три хемиски фабрики, има позитивни мислења од сите институции, нема криминал“ – Стојкоски ја поби Арсовска
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги побиваше тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека ДУП-от кој беше изгласан ќе донесе три хемиски фабрики, дека е донесен на криминален начин, како и дека истиот е без мислења од соодветни институции. Тој ѝ порача на Арсовска да почне да работи, наместо да шири паника. Покажа и мислење од Дирекција за заштита и спасување според кое, нема никаква опасност во однос на безбедноста на граѓаните.
Арсовска не дала ниту мислење по однос на ДУП-от, тврди Стојкоски, а по сила на закон се смета дека таа нема никакви забелешки. Дециден е дека ДУП-от е усогласен со ГУП-от, а во ГУП-от кој го носи Град Скопје е впишана и веќе постоечката фабрика. Тој додава дека три нови хемиски фабрики нема да има.
Според Стојкоски, Арсовска тера евтин ПР.
Покажа и мислење од ЈП Водовод и Канализација од 2022 година, според кое, има позитивно мислење на понудените решенија од овој план. Министерството за животна средина има во два наврати има позитивно мислење и тоа во однос на отпадните води, со нагласок дека се запазени сите забрани и ограничувања согласно постоечката одлука за утврдување на границите на заштитените води на бунарското подрачје Нерези-Лепенец.
„Позитивни мислења имаме од МОН во однос на основното училиште, МТСП во однос на градинката, Министерството за култура кажа дека условјувањето на планот може да продолжи, Министерството за одбрана каде го истакнува исклучителното значење од што поскоро донесување на ДУП-от, Катастарот за квалитетот од тематски и тополошки аспект“, кажа Стојкоски.
Планот има поминато четири јавни анкети, каде што граѓаните можеле да дадат забелешки и предлози, каде на овие анкети не се добиени забелешки по однос на концептот и планираните намени кои се впрочен условени од ГУП на Град Скопје.