Видео и Фото

(ВИДЕО) Општа тепачка на кошаркарски натпревар – се започна со ракување на крајот од мечот

Општа тепачка изби на натпревар од колеџ лигата помеѓу Тексас и Инкарнит Вард.

Тексас победи со 76:72 по продолжение, а по завршувањето на мечот започнаа немилите настани.

Се започна кога играчите на двата тима тргнаа да се поздрават на крајот од натпреварот, а ракувањето прерасна во сериозна тепачка, во која се вмешаа играчите и стручниот штаб.

Нејасно е што точно ја иницирало тепачката, но во центарот на долгата и жестока тепачка биле неколку кошаркари и тренери.

Поради се се огласи и конференцијата Солутленд во која играат овие две селекции.

„Свесни сме за ситуацијата што се случи на крајот од натпреварот. Ќе соработуваме тесно со двата универзитета за да ја прегледаме снимката и да изречеме дисциплински мерки. Неспортското однесување е недозволиво“, изјавија од оваа конференција.

https://x.com/TheHoopCentral/status/1759785317014667282?s=20

 

На почеток