Свет

Земјотрес со јачина од 4,8 степени во Јадранското Море е почувствуван на југот на Хрватска

Земјотрес е регистриран со епицентар во Јадранското Море, а е почувствуван на југот на Хрватска. Според првите податоци бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Според информациите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, 94 километри југозападно од Дубровник и 104 километри североисточно од Бари.

Граѓаните јавуваат дека благи потреси биле почувствувани и во Дубровник.

„Во Дубровник, мебелот се нишаше“, пишува еден граѓанин.

На почеток