Македонија

Обвинителот се правда зошто побарал ослободување на сите кои упаднаа во М-НАВ

Обвинителството ја правда одлуката зошто побарало од Кривичен суд, сите осомничени за упадот во М-НАВ да бидат на слобода.

„Надлежниот јавен обвинител веќе изврши распит на сите сведоци и на осомничените, а интегритетот на постапката е запазен и не постои опасност за негово компромитирање. Осомничените веќе немаат можност да влијаат врз доказите или дејствијата кои ќе се преземаат во натамошниот тек на постапката. Од тие причини, а имајќи ја предвид и праксата на Судот во Стразбур, јавниот обвинител предложи замена на притворските со поблаги мерки на претпазливост“, вели Обвинителството.

Судот веќе донесе одлука да ги ослободи сите шест осомничени.

Сите што упаднаа во М-НАВ да ги пуштат на слобода, побара Обвинителството, а судот прифати

На почеток