Видео и Фото

(Видео) Инспектор Џафери „упадна“ во канцеларија во СВР Тетово: Колку луѓе работите овде?!

Во улога на инспектор, техничкиот премиер, Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово. Тој во една канцеларија затекна куп луѓе, а на прашање колкумина работат во таа просторија, доби одговор дека станува збор за седуммина. Кога праша еден од присутните што чека, тој на албански одговори дека му треба финансиска потврда.

Кога Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па и одговори: „20 години сум поминал во војска, 22 години сум во Собрание и знам што е барањето и потребата. Каде ви е барањето на колегата му треба потврда?“, рече Џафери, а службеничката му возврати: „Не ве разбирам“.

„Затоа што не ме разбирате, тој кажува дека му треба ппотврда финансиска, а не му треба. Ни ти ни тој не кажувате тоа што треба. Јас знаеш колку такви потврди сум потпишал? Он не треба да дојде овде, треба да поднесе таму кај што треба, а ти ќе го повикаш и ќе дојде“, рече Џафери алудирајќи дека го лажат.

На почеток