Кошаркарите против Естонија ќе играат за помош на Леонид, од срце за Леонид, се мобилизираат и учениците
Од
Објавено на
Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека се продадени сите влезници за вечерашниот натпревар против Естонија, а сите средства собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани за лекување 18-годишниот Леонид Индов кој се наоѓа во болница во Виена.
И граѓаните се мобилизираат да помогнат.
Од срце за Леонид Индов“ се вика акцијата на учениците од 23 средни училишта во Скопје за собирање пари за младиот Леонид.
За лекувањето на Индов потребни се 140 илјади евра, а сите граѓани можат да донираат преку телефонските броеви 143-118 (Т-Мобиле) и 143-500 (А1).