Свет

Трамп: Црнците ме сакаат затоа што сум дискриминиран како нив

Доналд Трамп тврди дека неговата поддршка пораснала меѓу Афроамериканците поради неговите четири кривични случаи поврзани со дискриминација.

Поранешниот американски претседател Трамп изјави за време на митинг за црните конзервативци во Јужна Каролина дека „црното население ја прифатило“ неговата снимка направена по обвинението за обид за поништување на изборите во 2020 година во Џорџија, пишува Sky News.

„Црнците најдобро ја прифатија мојата фотографија од Атланта“, рече тој.

Во говорот, Трамп ги спореди своите правни проблеми со историското наследство на предрасудите кон Афроамериканците во правниот систем на САД.

Трамп, кој се надева дека ќе се врати во Белата куќа на изборите во САД во ноември, вчера на годишната церемонија на Црната конзервативна федерација изјави дека црнците го сакаат затоа што поминале низ истата дискриминација како него.

„Кога бев обвинет по втор, трет и четврти пат, многу луѓе велеа дека затоа ме сакаат црнците. Тие исто така беа многу повредени и дискриминирани во правосудниот систем. Ме гледаа како да сум дискриминиран“, Трамп кажа.

На почеток