На 23.02.2019 година во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кузман Јосифовски Питу“,на семафорите кај железничката станица, на лентата за вртење лево, во такси возило „Фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки, починал такси возачот М.П.(58) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.