Македонија

Медицинарите не се криви што родилката од Дебар останала без три органи – ново вештачење презентирано во судница

Вештачењето нарачано од обвинетите во случајот за родилката Јилдз Ваепоска од Дебар, е со заклучок дека тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска немаат вина што пациентката остана без матка, јајник и бубрег. Вештачењето го работел Драге Дабески, кој кажа дека медицинските лица немаат пропуст во лекувањето на Ваепоска. Овој заклучок, тој посочува дека го донел врз основа на документацијата која ја имал на увид.

Ова е второ вештачење во предметот. Првото беше на Сдуска медицина во кое стоеше дека има пропусти при породувањето на Ваепоска.

„Вештачењето на Судска медицина покажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме“, рече адвокатот Сашо Јанев кој ја брани Ваепоска.

Родилката праша како лекарите и го спасиле животот, кога во коматозна состојба е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје, каде имала нова операција.

„Како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома“, раша Ваепоска која кажа дека по комата не знаела како да застане на нозе.

На следното рочиште, аргументите ќе ги судрат вештаците кои ги правеа двете вештачења. Не е познато дали струшкиот суд ќе даде наредба за супервештачење.

Обвинетите се товарат дека при укажување лекарска помош примениле неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката, поради што таа остана без јајник, бугрег и матка. Асани е поранешен директор на Струшката болница, а беше разрешен токму поради овој случај. На првото рочиште тој и останатите двајца лекари кажаа дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело.

На почеток