Свет

„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме специјалните сили“: Путин најави нови операции на моќната единица

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Русија ќе продолжи да ги зајакнува силите за специјални операции и да ги опремува со оружје од новата генерација.

Ќе продолжиме да ги зајакнуваме силите за специјални операции, да ја зголемуваме нивната мобилност, ударниот потенцијал, да ги опремуваме со оружје и опрема од новата генерација“, рече Путин во честитката по повод Денот на силите за специјални операции.

Тој посочи дека тоа е еден од главните приоритети за развојот на руската армија и морнарица. Претседателот на Русија во видео пораката рече дека силите за специјални операции, чие формирање започна во 2009 година, станаа моќна ударна сила на Руската армија и на дело докажаа дека се подготвени „да се залагаат за одбрана на татковината и да ги бранат националните интереси на Русија каде било во светот“, пренесува Интерфакс.

Од 2015 година, Денот на силите за специјални операции во Русија се слави на 27 февруари.

На почеток