Видео и Фото

(Видео) Полицаец од Крушево уништува документација и фрла во приколка, поднесена кривична

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, обелодени несовесно однесување на полициски службеник од Крушево:

„Кривична пријава и дисциплинска постапка против полициски службеник од Крушево кој несовесно уништил службена документација.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОК и иницираше дисциплинска постапка против и задолжителна мерка отстранување од работно место за полициски службеник на работно место полицаец во ПС ОН Крушево поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „Одземање или уништување на службен печат или спис“.
Пријавениот на ден 20.02.2024 година во својство на дежурен полицаец од гаражата на ОВР Крушево, каде биле одложени дел од службените материјали, земал дел од кутиите, меѓу кои имало и службени документи со одреден степен на класификација и ги фрлил во тракторска приколка од ЈП „Комуна“ која во тој момент вршела редовно подигање на сметот. Притоа извршил уништување на документи и списи што припаѓаат на државен орган ОВР Крушево.“

На почеток