(Видео) „Сѐ што допре кметицата, пуздер направи“
Од
Објавено на
Чекавме да се накити, па два месеци чекавме да се раскити метрополата. Дрвените куќички се уште се на градскиот плоштад.
Отворени, валкани, во нив преспиваат и бездомниците а често служат за вршење нужда. Скопјани се револтирани. Новинарот Никола Т. Калајџиски на ФБ напиша:
„ЈАВАШЛАК
Заборавените куќарки од Нова година.
Два месеца подоцна.
Ни ги остави за срам среде плоштад.
Дерогирани.
Преноќиште за бездомници и питачи.
Претворени во јавни писоари.
Слика на престолнината.
На градот на културата.
Се’ што допре кметицава пуздер направи…“, напиша тој.