Пониски цени за парно за деловните корисници
Деловните корисници на топлинска енергија, ќе плаќаат 35 проценти пониска цена. Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија, посочува дека ова со цел да им се помогне на овие потрошувачи оти не добивале субвенции во екот на кризата. Оваа одлука важи од февруари.
„Цената на топлинската енергија за потрошувачите во Скопје, односно пред се за малите дуќани, деловните објекти, градинките – ја намаливме за 35 проценти. Пред се поради намалените цени на берзите. Оваа одлука е со единствена цел, да ги намалиме трошоците за топлинска енергија и верувам дека со тоа ќе овозможиме тренд на зголемување на нови потрошувачи од категории како што се деловните корисници“, вели Бислимоски.
Прашан за цените на топлинската енергија за домаќинставата, Бислимовски кажа дека се следат цените на светските берзи и во текот на јули, ќе се донесат нови одлуки.