Македонија

Пратениците изгласаа: Функционерите нема да имаат ново зголемување на платите, остануваат исти

Пратениците ги излгасаа измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, кој беше пуштен во скратена постапка. Со него, ги намалија коефицинетите според кои се прсметува платата, со што, нема да имаат ново покачување, туку ќе ги земаат досегашните, без разлика на просечната плата во Македонија.

„Со цел да се надмине оваа ситуација и да се ограничи можноста за значително или ново покачување на платите на оваа категорија, се предлага предметната измена на законот во однос на коефициентите на бодот за утврдување на надоместокот на плата на избраните и именуваните лица“, се вели во предлогот на Законот.

Новите коефициненти за пресметување плата, проверете ги тука.

На почеток